Раиконен официјално се враќа во Ф1
29.11.2011
Светскиот шампион во Формула 1 од 2007 година Кими Раиконен се враќа во Формула 1 по двегодишната пауза. Финецот и сопственикот на тимот Лотус Рено GP Жерар Лопес потврдиле дека е потпишан двегодишен договор и од следната сезона Кими Раиконен ќе седне во болидот на оваа екипа.
Интересно е тоа што и тимот на Вилијамс најавуваше дека се е договорено Раиконен да биде во нивниот тим , но во последен момент работите се сменилеи Кими ќе биде возач на Лотус од 2012 година. Така се направи целосен пресврт во преговорите меѓу Раиконен и Вилијамс во корист на Лотус кој ја искористил целата ситуација и успеал да ги финализира преговорите со финскито возач.
На овој начин сега враќањето на Роберт Кубица во 2012 година по тешката повреда која ја имаше е под знак прашање и всушност станува невозможно. Сепак постои можност доколку Виталиј Петров кој има договор со тимот има лош настап следната сезона да биде заменет со Кубица.