Најбарано

Билтен и додаток (PDF)

Рафаел Надал на свој начин ќе се справува со комплексот

Photo

Рафаел Надал на свој начин ќе се справува со комплексот

15.12.2011

Поранешниот број еден тенисер Рафаел Надал, отфрли секаква можност да побара стручна помош од психолог или психијатар за да ги надмине проблемите што ги имаше во текот на 2011 година.

Шпанецот имаше голем пад во формата и го загуби првото место на АТП-листата. Од Новак Ѓоковиќ ги загуби сите мечеви  во последните 12 месеци, а медиумите веќе почнаа да шпекулираат дека Надал има комплекс од Ѓоковиќ и треба да побара стручна помош  за да  биде психолошки подготвен за предизвиците во 2012 година.

Рафаел Надал сето ова го негираше и даде до знаење дека воопшто не планира да побара психијатриска помош.