Најбарано

Билтен и додаток (PDF)

Анчелоти - Чудно ми е, ќе играм против мојот поранешен тим!

Photo

Анчелоти - Чудно ми е, ќе играм против мојот поранешен тим!

03.01.2012

Новиот тренер на ПСЖ Карло Анчелоти призна дека е „чуден“ фактот дека ќе игра против својот поранешен тим Милан.

ПСЖ утре ќе играат против Милан, откако Анчелоти помина пет години како играч и осум како тренер на италијанскиот гигант.

- Го познавам Милан многу добро. Натпреварот ќе биде одличен тест да ја подобриме играта, изјави тој.

- Ќе биде чудно да се сретнеме со Милан. Исто така и емоционално, бидејќи имам убави спомени од сите таму. Сите се надеваме на добар натпревар, додаде Анчелоти.