Најбарано

Билтен и додаток (PDF)

Ништо од трансферот на Бекам во ПСЖ

Photo

Ништо од трансферот на Бекам во ПСЖ

04.01.2012

Леонардо, спортскиот директор на Париз Сен Жермен потврди дека Дејвид Бекам нема да потпише договор со оваа екипа и од фамилијарни причини нема да се пресели во Париз.

Бразилецот верува дека Бекам ќе остане во екипата на ЛА Галакси. Бекам во Галакси пристигна во 2007 година, а договорот со клубот од ЛА му истече на 31. декември.

Околу трансферот на Бекам во ПСЖ се крена голема прашина во главниот град на Франција и за неговото доаѓање се шпекулираше со недели, а истиот го осудија и голем број на француски политичари, кои изјавија дека трансферот не е од спортски, туку од маркетиншки причини.