Касиљас најдобар голман за изминатата година
05.01.2012
Голманот на Реал Мадрид и членот на шпанската репрезентација Икер Касиљас по четврти пат е прогласен за најдобар голман на светот во изборот на Институтот за фудбалска историја и статистика.
Иако чуварот на мрежата на кралскиот клуб во изминатата година освои само еден трофеј со матичниот клуб, сепак жирито составено од медиуми и стручњаци од 81 земја убедливо го изгласа за голман на годината.
Касиљас на гласањето освои 248 поени, а зад него е Мануел Ноер од Баерн Минхен со 130 поени и Виктор Валдес со 114 поени.
Најдобри голмани за 2011 според ИФФХС:
1. Икер Касиљас
2. Мануел Ноер
3. Виктор Валдес
4. Џанлуиџи Буфон
5. Петр Чех
6. Фернандо Муслера
7. Џо Харт
8. Жулио Цезар
9. Густо Виљар
10. Едвин ван дер Сар