Милан ќе го купува Видиќ
05.02.2010
Во Италија веќе се појавуваат информации кои говорат дека дефанзивецот на Манечстер Јунајтед Немања Видиќ е најновата трансфер цел на Милан кој ќе се обиде да го купи централниот стопер на Јунајтед во текот на летниот преоден рок.
Фергусон веќе најави дека нема намера да го продава Видиќ но со оглед на случувањата со Видиќ како и се почестите најави кои говорат дека истиот повеќе би сакал да игра во Шпанија или во Италија отколку да остане во дождливата Англија.
За услугите на Видиќ Милан е подготвен да понуди 20 милиони евра плус Јан Клас Хунтелар. А покрај Милан за Видиќ заинтересирани се и Барселна и Реал Мадрид па останува да видиме каде ќе ја продолжи кариерата најдобриот дефанзивец на Манчестер.