Најбарано

Билтен и додаток (PDF)

Fly Emirates ќе биде нов спонзор на Милан

Photo

Fly Emirates ќе биде нов спонзор на Милан

05.02.2010

Според медиумите од Италија екипата на Милан постигнала договор со Fly Emirates за богат спонзорски договор вреден 56 милиони евра за четири години. Логотo на Fly Emirates ќе го замени она на Bwin и договорот ќе биде со трајност од 2010 до 2014. Сегашниот договор на Bwin истекува на 30 јуни 2010 и гигантот во он-лајн обложувањето одвојуваше околу 10 милиони евра плус бонуси, годишно.

Извештаите говорат дека договорот со Fly Emirates на Милан ќе му носи годишен прилив од 14-15 милиони евра или 56-60 милиони во текот на четирите години. Покрај спонзорскиот договор не се исклучува можноста Арапите да се обидат да влезат и во сопственичката структура на Милан.