Гвардиола: Ибра игра на многу високо ниво
06.02.2010
Во пресрет на дуелот со Хетафе, не прес-конференцијата новинарите покажаа голем интерес за Златан Ибрахимович – скапото засилување на Каталонците од летниот трансфер период.
Напаѓачот имаше добар старт на својата кариера на Камп Ноу постигнувајќи 13 погодоци но ја нема затресено противничката мрежа на последните пет натпревари. Гвардиола воопшто не е загрижен поради голгетерскта форма на Ибра и вели дека Швеѓанецот помага за тимот на многу начини а не само преку постигнување на погодоци.