Најбарано

Билтен и додаток (PDF)

Мурињо: Пандев е гладен за игра и за голови

Photo

Мурињо: Пандев е гладен за игра и за голови

08.02.2010

По уште еден извонреден настап во дресот на Интер, Горан Пандев е во центарот на вниманието на италијанската фудбалска јавност. Нов гол, уште една извонредна асистенција и нови одлични 90 минути, веќе го докажаа она што многумина го прогнозираа, дека неговиот трансфер во Интер е најдобриот реализиран трансфер оваа зима.

Тренерот на „нероаѕурите“, Жозе Мурињо, по вчерашниот меч со Каљари пред новинарите уште еднаш потенцираше дека Пандев одлично се вклопи во тимот и дека се работи за извонреден фудбалер.