Милан „крена раце“ од Џеко
08.03.2010
Италијанските медиуми ја потврдија информацијата дека Милан и дефинитивно „крена раце“ од Един Џеко. И покрај тоа што оваа екипа имаше интерес веќе 40 дена за купување на напаѓачот на Волфсбург очигледно дека веќе завршија сите желби на Милан да го купи овој фудбалер.
Високата цена која ја бараше екипата на Волфсбург го откажа Милан во намерата да го ангажира Џеко. Германскиот шампион бара 40 милиони евра за својот напаѓач што е превисока цена за Милан. Џеко има договор со Волфсбург до јуни 2013 година, а неговиот менаџер Ирфан Реџепагиќ изјавил дека Волфсбург нема шанси да ја намали цената од 40 милиони евра. Минатата сезона Џеко беше втор стрелец во Бундеслигата со 26 постигнати голови, а оваа сезона одигра 24 средби и постигна 10 голови но има и 7 асистенции.