Најбарано

Билтен и додаток (PDF)

Бензема го пропушта Олимпик Лион

Photo

Бензема го пропушта Олимпик Лион

08.03.2010

По спектакуларната победа над Севиља во Шпанската примера, пред Реал Мадрид е нов предизвик - реванш натпреварот со Олимпик Лион во Лигата на Шампионите и тоа на својот стадион „Сантијаго Бернабеу“.

По првиот натпревар екипата од Франција има предност од 1:0, но поради фактот што Реал Мадрид во последно време постигнува по три гола во просек на секој натпревар може да се очекува интересен дуел и во Мадрид исполнет со многу голови. Единствениот кој сигурно може многу да жали што нема да биде во можност да настапи на оваа средба е поранешниот играч на Олимпик Лион ,а сега фудбалер на Реал Мадрид, Карим Бензема кој поради повреда ќе го пропушти мечот против својот поранешен клуб.

Бензема ќе паузира уште најмалку десет дена ќе го пропушти и натпреварот со Ваљадолид, а неговото враќање се очекува дури на 20-ти март против Спортинг Хихон. Инаку Бензема ги одигра последните 30 минути на средбата во Лион кога неговата екипа беше поразена со 1:0.