Сколс: Фановите сеуште го сакаат Бекам
09.03.2010
Ветеранот од редовите на Манчестер Јунајтед Полс Сколс верува дека на дуелот со Милан на Олд Трафорд на крајот токму „Црвените Ѓаволи “ ќе се пласираат во следната рунда но Сколс исто така проговори за можната реакција на фановите при првиот чекот на теренот на Бекам во дресот на Милан.
„Сигурен сум дека ќе има добар пречек за Бекам. Нашите фанови сеуште го сакаат и почитуваат и токму поради тоа неверувам дека ќе наиде на исвиркување. Бекам е еден од најдобрите фудбалери кои досега го носеле дресот на Јунајтед и верувам дека како таков ќе остане запаметен во главите на нашите фанови.“ - изјави Сколс.
Сколс заедно со Гигс и Гери Невил сеуште го носат дресот на Манчестер Јунајтед а своевремено беа и во истиот тим со Бекам кога во екипата од Олд Трафорд настапуваше Кантона, потоа и Рој Кин фудбалски имиња кои вечно ќе се паметат во фудбалската историја.