Најбарано

Билтен и додаток (PDF)

Акциите на Лион скокнаа за 10%

Photo

Акциите на Лион скокнаа за 10%

12.03.2010

Акциите на францускиот фудбалски клуб Олимпик Лион скокнаа за 10% откако клубот во средата успеа да го елиминира големиот Реал (М) во 1/8 финалето од Лигата на шампионите. Веста ја потврдија брокерските куќи од Франција, истакнувајќи дека за последниот месец цената на акциите на клубот се зголемила за околу 37%.

Експертите тоа го објаснуваат со победата на Лион од 1:0 на домашен терен против Реал (М) во првиот дуел од осминафиналето, како и со одличното преставување на клубот во последните неколку средби во француската Лига 1. Лион нема пораз во првенството во 2010 година, откако последен пат загуби во декември.

Вредноста на сите акции на Лион на берзата во моментов имаат „тежина“ од околу 114 милиони евра. Французите ја очекуваат ждрепката следниот петок и со самото тоа да стигнат во ситуација да се борат за историско полуфинале во најкомерцијалниот фудбалски турнир на планетата.