Индија во Ф-1 календарот за следната година
12.03.2010
Индија и официјално влегува во календарот на Ф-1 трките од 2011 година. Вчера стана јасно дека Индијците ќе имаат трка од календарот за следната година, откако тоа лично го потврди сопственикот на комерцијалните права на натпреварувањето Берни Еклстоун. Тој изјави дека се е договорено за влегувањето на Индија во циркусот следната година.
Вклучувањето на Индија во Ф-1 календарот минатата година беше ставено под знак прашалник откако спортското министерство на оваа голема земја одби да плати 36,5 милиони долари во администрацијата на Ф-1. Откако недоразбирањата, очигледно, се надминати сега Индијците сериозно продираат во Ф-1 светот и се најдеваат дека голем дел од средствата кои очигледно ги вложуваат ќе бидат вратени.
Во 2007 година индискиот мулти-милјардер Вихај Малија го купи Спајкер Ферари, па го соедини во нoвиот тим Форс Индија. Сега и со негова помош Ф-1 ќе дојде во неговата земја, а младиот индиски пилот Чандок годинава ќе дебитира како прв Индиец кој возел во Ф-1 за екипата на Кампос Мета.