Најбарано

Билтен и додаток (PDF)

Шуми вози за плата од 21 милион евра

Photo

Шуми вози за плата од 21 милион евра

13.03.2010

Според информациите објавени во најчитаниот германски дневен весник, „Билд“, германскиот пилот во Формула 1, Михаел Шумахер, ќе вози за германскиот состав Мерцедес ГП за годишна плата од 21 милион евра. Договорот со Мерцедес ГП е направен, така што германскиот тим нема да ја плажа својата најголема ѕвезда ниту еден цент повеќе од договорената сума.

Главниот дел од оваа 21 милионска сума ќе падне на товар на спонзорите. 41-годишниот Германец со своето враќање во Ф-1 шампионатот предизвика многу спонзори да се вратат во огасувачката индустрија која го покрива овој шампионат.

Најголемиот спонзор кој ќе ја покрие платата на Шуми е малезискиот нафтен концерн Петронас. Исто така во финансирањето на кам-бекот на Шуми се вклуечни и германските компании Шнеекопе и Навибот, како и швајцарскиот ЏетСет.