Барселона со сите сили по Сеск и Виља
13.03.2010
Актуелниот европски шампион ги „пали моторите“ за летниот трансфер пазар. Ако може да им се верува на написите во шпанскиот печат, Барселона летово како главна цел ги има зацртано трансферите на шпанските репрезентативци Сеск Фабрегас (Арсенал) и Давид Виља (Валенсија).
Весникот „Спорт“ пишува дека двајцата фудбалери се единствени конкретни желби на актуелниот предводиник на европскиот првак, Пеп Гвардиола. Спортскиот директор Чики Бегиристајн веќе почнал засилено да работи на создавање на новата селекција.
Виља и Фабрегас преставуваат желба на Барселона од поодамна, но лани и оваа зима каталонците не успеаја да се договорот со нивните сегашни клубови. Се очекува трансферите да бидат финализирани по изборите за нов претседател на Барселона.