Најбарано

Билтен и додаток (PDF)

Мекларен и Мерцедес бараат нови промени во Ф.1

Photo

Мекларен и Мерцедес бараат нови промени во Ф.1

15.03.2010

Развојот на настаните на првата трка од новиот Формула 1 шампионат, вчера во Бахреин, отвори нова полемика, околу оправданоста на новите правила кои ФИА ги воспостави оваа сезона. Михаел Шумахер и Луис Хамилтон по трката го изразија своето незадоволство изјавувајќи дека со новите правила трката беше досадна, без можности пилотите да се претекнуваат и да донесат нови возбудувања за гледачите.

„Ние сме еден од трите тимови кои сакаат да има по две задолжителни запирања во боксот. Втората работа која мора да се воведе за да имаме интересни трки е да му се наложи на Бриџстон да доставува поспортски гуми со кои не ќе може да се возат и по 20 круга без проблем“, вели првиот човек на Мекларен, Мартин Витмарш.

Четирикратниот светски шампион Ален Прост, изјави дека во моментов тимовите едноставо се збунети од непознатите услови во кои се натпреваруваат. Прост вели дека за се треба време, па и за овие правила да влезат во умовите на техничарите и пилотите.