Најбарано

Билтен и додаток (PDF)

Нови Американци со 111 мил. евра влегуваат во Ливерпул

Photo

Нови Американци со 111 мил. евра влегуваат во Ливерпул

15.03.2010

Американската фирма „Роун Груп“ е подготвенда да купи 40% од акциите во англискиот премиерлигаш Ливерпул. Компанијата на финансиските експерти Агостелини и Лангман е основана во Њујорк во 1996 година и во моментов е една од најпознатите во овој бизнис во САД.

„Роун Груп“ планираат да издвојат сума од 111 милиони евра за околу 40% од акциите кои се во рацете на сегашните сопственици на клубот, Џилет и Хикс. Условот е со овие средства да се плати заемот на клубот кон Кралската банка на Шкотска, за да можат да бидат поставени услови и за изградба на новиот стадион „Стенли Парк“.

Американците се подготвени да одделат сериозна сума на средства и за купување на нови фудбалери за следната сезона, но очигледно ќе го тргнат на страна Бенитез, кому нема да му дадат простор да бира кој фудбалери ќе ги донесе, затоа што досегашните негови играчки решенија се покажаа како неуспешни.