Најбарано

Билтен и додаток (PDF)

Блатер: ни требаат професионални судии

Photo

Блатер: ни требаат професионални судии

31.08.2010

Првиот човек на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) Сеп Блатер нагласил дека на Светското првенство во 2014 година во Бразил треба да судат само професионалци.

„Ако во овој спорт доминираат професионалците тогаш и судиите мора да бидат исто така професионалци и да немаат други ангажмани и професии“- објаснил како размислува претседателот на ФИФА. Блатер се согласил со констатациите дека на Мундијалот во Јужна Африка судиите направија и премногу груби грешки но, додал дека тој не се согласува со примена на технологијата на фудбалските стадиони туку во преден план мора да биде искуството на судиите.

“Сакам луѓето во црно да ја познаваат фудбалската игра, да бидат насочени само кон неа и да ги намалат грешките на минимално ниво“- изјавил првиот човек на светскиот фудбал.