Најбарано

Билтен и додаток (PDF)

Ибра : Гвардиола ме избрка од Барселона

Photo

Ибра : Гвардиола ме избрка од Барселона

31.08.2010

Новото засилување на фудбалскиот тим Милан, Златан Ибрахимовиќ, објаснил пред медиумите дека главен виновник за неговото заминување од Барселона е тренерот Пеп Гвардиола.

“Кога влегував во просторијата Гвардиола секогаш излегуваше. Не знам дали се плашеше од мене но токму таквото однесување или “филозофија„ ми ги разби сите желби да останам и да играм за Барселона. Си заминав но, сеуште не можам да дознаам каде е проблемот. Тренерот не ме сакаше и мислам дека немав друг избор“ - изјавил, Швеѓанецот кој деновиве од Шпанија се пресели во Италија во составот на Милан.

Медиумите во Барселона имајќи ја в предвид целокупната тензија меѓу напаѓачот и Гвардиола проценија дека Ибрахимовиќ направил одличен потег што си заминал од редовите на актуелниот шампион на Шпанија.