Робињо со 70 а Ибра со 11 на грбот
01.09.2010
Робињо и Ибрахимовиќ се најновите летни аквизиции на Милан за кој потпретседателот на овој клуб Адријано Галијани вели дека се вистинските звезди со кој Милан повторно ќе се врати на шампионските патеки.
Робињо во текот на минатата ноќ се пресели од Сити за трансфер сума од 22 милиони евра а ќе го носи дресот со број 70 додека пак популарниот Ибра на својот грб ќе го има испишано бројот 11.
Милан со пристигнувањето на овие двајца се реши да се ослободи од услугите на Бориело кој замина во Рома како позајмен и Хунтелар кој беше продаден во Шалке.