ФИБА ќе направи промени за СП и Олимпијадите
01.09.2010
Генералниот секретар на Светската кошаркарска федерација (ФИБА) Патрик Бауман изјавил дека во иднина кошаркарските Мундијали може да бидат реализирани со 32 селекции идентично како и фудбалските.
Изјавата за медиумите на Бауман доаѓа од вчерашната прес-конференција во Истанбул, реализирана за време на Светското првенство во Турција. Што се однесува до Олимпискиот турнир тој треба да биде проширен од 12 на 16 репрезентации со единствена цел да се вклучат многу поактивно и земјите од Африканскиот континент.
Од него на тековниот собир во Турција има само тројца претставници кои се главно со аутсајдерска улога.Тоа се кошаркарите на: Тунис, Брег Слонова Коска и Ангола.