Најбарано

Билтен и додаток (PDF)

Торес побара смена на сопствениците

Photo

Торес побара смена на сопствениците

02.09.2010

Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул Фернандо Торес апелирал до управата на клубот да пронајде нови сопственици, бидејќи сегашните не ги исполнуваат условите.

„Потребно е да се сменат сопствениците за да станеме многу посилен тим. Во моментов не заостануваме зад конкурентите но, имавме многу лоша сезона во Премиерлигата. Се надевам дека набрзо ќе најдеме конзорциум кој ќе може да не купи.Тогаш финансисики ќе им парираме на Челзи и на Манчестер Јунајтед. Добро е што успеавме да го задржиме капитенот Стивен Жерард. Нашата цел е во оваа сезона да бидеме меѓу првите 4 екипи во Англија“ - изјавил, голгетерот на “црвените“ во едно интервју за шпанско радио.

Сопствениците на Ливерпул Том Хикс и Џорџ Жилет не се во можност да ги отплатат долговите и да го задржат чекор со најсилните клубови на островото.