Најбарано

Билтен и додаток (PDF)

Кедира: направив одличен потег со доаѓањето во Реал

Photo

Кедира: направив одличен потег со доаѓањето во Реал

02.09.2010

Германскиот фудбалски репрезентативец Сами Кедира кој дојде како засилување во летниот трансфер период во тимот на Реал Мадрид изјавил, дека атмосферата на "Сантијаго Бернабе" е навистина неверојатна.

"Многу се радувам што дојдов во овој состав.Тука сите очекуваат да одиграм на високо ниво. Имам намера да ја одработам најдобрата сезoна во досегашната кариера. Никој од фудбалерите не смее да размислува дека е супер ѕвезда. Тука се на сила сосема други правила" - изјавил Кедира кој во Шпанија дојде во текот на летниот трансфер период.

"Јас и Месут Озил на почетокот ќе имаме проблеми со јазикот бидејќи не разбираме Шпански но, тоа ќе се елиминира со тек на времето" - завршил новиот член на "кралскиот клуб" од Мадрид.