Најбарано

Билтен и додаток (PDF)

Роналдињо се уште не потпишува нов договор со Милан

Photo

Роналдињо се уште не потпишува нов договор со Милан

06.09.2010

Напаѓачот на Милан, Роналдињо не е согласен за продолжување на соработката со Милан под овие услови кои ги имал до сега па затоа веќе разговара со челните луѓе на тимот за одредени измени во неговиот договор. Раководството на Милан има желба да го продолжи договорот ан Роналдињо за уште три години, но само ако тој се согласи на намалување на платата и тоа за половина.

На местото на сегашните 8 милиони евра годишно, да добива само 4 милиони евра годишна плата. Ангажманот на Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“ е една од причините за намалувањето на платата на Роналдињо но и за откажувањето на бразилецот да го продолжи договорот. Тој смета дека не е ништо послаб од играчите кои добиваат плата како него.

Од друга страна Милан мора бргу да решава зошто постоечкиот договор на Роналдињо со Милан истекува наредната година и доколку не ги договорат работите, бразилскиот интернационалец од следната сезона ќе може да преговара со друг клуб како слободен играч.