Најбарано

Билтен и додаток (PDF)

Ливерпул не се откажува од Гомес

Photo

Ливерпул не се откажува од Гомес

06.09.2010

Ливерпул ќе се обиде повторно да го ангажира германскиот напаѓач и репрезентативец на оваа земја, Марио Гомес и тоа во јануари, тврди британскиот весник "News of the World".

Новиот менаџер на Ливерпул, Рој Хоџсон е цврсто решен да го доведе на "Енфилд" напаѓачот на Баерн Минхен кој не е задоволен од неговиот статус во оваа екипа и се очекуваше дека ќе си замина од "Алианц Арената" уште во летниот преоден рок, но тоа не се случи.

Сега на ред ќе биде уште еден обид на Хоџсон во јануари да го ангажира Гомес, кој по продажбата на Маскерано, Риера и Бенајун треба да биде освежување на тимот. Гомес во Баерн Минхен дојде минатото лето од Штутгарт и тоа за сума од 30 милиони ера, но не ги оправда големите очекувања во својата прва сезона во Баерн.