Силва: Во Милано се чуствувам како дома
07.09.2010
Централниот стопер на Милан Тиаго Силва нема намера да си замине од Милано и покрај силниот интерес од Челзи и Реал Мадрид кој јавно беше произнесен преку дел од медиумите во целиот свет.
"Милан е мојот дом, и сите во клубот се дел од моето големо семејство. Се надевам дека ќе останам тука барем до 2014 година. Ова лето добро се засиливме и мислеам дека допрва резултатите ќе го достигнат посакуваното и очекуваното ниво од нашите фанови" - изјави Силва.
Милан ова лето успеа во своите редови да ги донесе Ибрахимовиќ, Робињо, Јепес и Марко Амелија со што се очекува во навата натпреварувачка година да се бори и за шампионската титула во Италија.