Сенси ја предаде Рома на "Уни" банка
07.09.2010
По седумнаесет годишното владеење со Рома популарното семејство или фамилија Сенси е приморана да се оттргне од раководењето на "Римската волчица" до крајот на оваа недела, пренесуваат италијанските медиуми.
Големите финансиски проблеми ја присилиле претседателката Росела Сенси и нејзината наследничка Фанка Сенси да го предадат раководењето на клубот на банката Уникредит каде и Рома должи некаде околу 325 милиони евра.
Со новопостигнатиот договор меѓу банката и фамилијата Сенси веќе се бара нов сопственик на римјаните со што Рома ќе добие нови газди до крајот на овој месец, предвидуваат неколку спортски аналитичари од Апенините.